Подготовките за 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во полна пареа

Од:

На само еден месец до почетокот на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, подготовките влегуваат во својата завршница.

И на овој фестивал публиката може да очекува исклучително квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија, кои ќе бидат гости во Битола.

Годинава зголемен е бројот на програми во вкупен број од 14 и проширен е кругот на селектори кои ги обликуваат програмите: со Гена Теодосиевска, годинава во изборот на документарната програма соработуваше и Марија Џиџева; режисерите Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови кои се натпреваруваат за Малата златна камера 300, како и филмскиот критичар Слаѓан Пенев, кој ги селектираше филмовите во програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Новина е програмата „Филмски класици – Полноќен јавач“, која вклучува филмови од свет­ска­та фил­мска ан­то­ло­гија, за кои помла­да­та ге­не­ра­ци­ја има мо­же­би са­мо слуш­на­то или про­чи­тано. Селектор на програмата е ита­лијан­ски­от ре­жи­сер, кој живее во Би­тола, Ми­ке­ле де Ан­ѓе­лис, а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови.

„Во глав­на­та прог­ра­ма пак, се вклучени нај­но­ви­те фил­мски про­дук­ции на го­ле­ми­те мајстори на фил­мска­та фо­тог­ра­фија, што ја фас­ци­ни­раа пуб­ли­ка­та и кри­ти­ката, во селекција на Бла­го­ја Ку­нов­ски – Доре.

Оваа година, особен акцент и фокус ќе би­де ставен на сту­ден­тска­та прог­рама, ко­ја ја промовиравме по­следни­ве две го­дини. Сту­ден­ти­те ве­ќе не слу­жат са­мо ка­ко де­кор на фестивалот, тие се ак­тив­ни учесни­ци и има­ат свое мес­то во фести­вал­ска­та прог­рама. Годинава ќе има­ме сту­ден­ти од 15 филмски ака­де­мии, најмногу до сега од почетокот на основањето на фестивалот, а тие доаѓаат со свои фил­мови, по чии про­ек­ции ќе има дис­ку­сии и раз­го­вори. За сту­ден­ти­те подгот­ву­ва­ме и сред­би со фил­мски­те ав­тори, кои со нив ќе ги спо­де­лат сво­и­те искуства. Оваа прог­рама, на ко­ја ин­сис­ти­рав по мо­е­то назна­чу­ва­ње за умет­нич­ки ди­рек­тор пред две го­дини, ја ко­орди­ни­ра и ја раз­ви­ва Ѓор­ѓи Пу­лев­ски “, вели Гена Теодосиевска, директорката на Фестивалот.

И оваа година ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот,  под режисерската палка на Вардан Тозија, а во соработка со комуникацискиот партнер на ИФФК „Браќа Манаки“ – агенцијата „Меккен“ и со „Vertigo Visual“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ