Подземната железница во Лос Анџелес прва во САД ќе добие скенери, коишто ќе проверуваат дали патниците носат оружје или експлозив, најавија локалните власти.
– Преносливите скенери ќе ги скенираат телата на патниците кои минуваат низ метро станиците, а ќе бидат поставени наредниве месеци, изјави Алекс Вигинс, директор на Полициската единица при Аагенцијата за сообраќај во Округот Лос Анџелес.
Апаратите ќе скенираат метални и неметални предмети на телото на човекот и ќе можат да детектираат сомнителни облици на оддалеченост и до девет метри. Капацитетот на скенирања изнесува над 2.000 патници на час.
Целта на ваквата модернизација е поголема безбедност и спречување можни терористички напади.