Струмица издвои три милиони денари за претстојните локални избори

Од:

Општина Струмица издвои три милиони денари за претстојните локални избори,а ги определи и местата за плакати и пропаганден материјал за време на изборите.

– Ова е наша законска обврска и во рамки на законските норми,нашата општина од годинашниот буџет ќе ги издвои потребните средства, рече градоначалникот Зоран Заев.

Во рамки на своите надлежности Советот на општина Струмица утврди и пет локации во градот, каде политичките партии и кандидати за градоначалници рамноправно ќе можат да го презентираат пропагадниот материјал за мартовските локални избори.Во населените места ќе можат да се користат просторите во сопственост на општина Струмица, како и приватни објекти за кои политичките партии треба да добијат согласност од сопственикот.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана