Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски

Од:

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јануари.

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста сте­кна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар.

Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј. Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во за­штита на православието против аријанството и против не­сторијанството.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски