Кумановскиот расадник на ЈП „Македонски шуми“ подготвен за престојната сезона за пошумување

Од:

Расадникот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“ интензивно се подготвува за престојаната сезона за пошумување, информираа денеска од претпријатието. Пролетва произведени се 500.000 млади садници за пошумување на површините во кумановско-липковскиот регион и за потребите на шумските подружниците на ниво на Македонија. Расадникот произведе бел бор, смрча, дуглазија и аризонски чемпрес, садници кои ќе бидат искористени за есенското пошумување.

– Во овој период преземавме чекори за заштита на младите садници од високите температури, поставувајќи двојна заштита со вграден ув филтер, а наводнувањето се спроведува во ноќните часови за да се избегнат фитопатолошките проблеми, појаснува Весна Темелковска, шумарски инжинер во кумановската подружница.

Одговорните од расадникот информираат дека во тек се подготовки за отстранување на последиците на шумскиот пожар кој се случи лани, во шумска стопанска единица „Црн врв“ во Белановце кој зафати површина од 217 хектари.

– Кумановската подружница на „Македонски шуми“ поднесе програма до Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство која е одобрена. Согласно програмата ќе се санираат 70 хектари опожарена површина, додава Темелковска.

Согласно договорот со Министерството, подружницата е обврзана да изврши отстранување на последиците од шумскиот пожар и да изврши вештачка обнова со пошумување со видови кои најмнаогу одговараат на условите на место за растење. Пошумувањето, на оваа површина ќе се спроведе од први септември, годинава. Пошумувањето, пак, на останатите површини по шумските стопански единици кои имаат важност за една деценија ќе започне да се спроведува од први октомври. Шумските стопански единици се наоѓаат на подрачјето на поширокиот кумановски регион, опфаќајќи ги соседните општини, Липково и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра