Дваесетина дозволи за собирање чаеви и печурки во Кумановско

Од:

Кумановската подружница на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ за тековната сезона издаде дваесетина дозволи за собирање на споредни шумски плодови. Граѓаните од поширокиот регион во сезоната пролет-лето во Козјачијата најчесто берат чаеви и печурки.

– Плодовите кои се собираат потекнуваат од еколошки чиста, незагадена средина, а поединците ги берат и ги носат за откуп, информираше Ленка Јанковска инженер од подружницата.

Дел од собирачите ги продаваат споредните шумски плодови, дел ги користат за лична употреба.

Компании од Македонија вршат откуп на чаевите и печурките кои растат во недопрената природа на овој крај од поширокиот кумановски регион. Собирачите најчесто се жители на селата, луѓе кои имаат викендици и кои со години наназад ги користат ресурсите на природата за надополнување на семејниот буџет.

Шумочуварските служби вршат контрола на терен.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он