„Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани од информацијата дека Собранието и Владата ќе водат референдумска кампања со буџетски средства, а тоа како што изјавија од владата било во согласност со принципите на јавен интерес.
Ова е целосна невистина, бидејќи јавен интерес според Уставот е дека Македонија може да членува во меѓународни организации, но, во Уставот не е запишано дека тоа мора да бидат НАТО или ЕУ туку било која од повеќето меѓународни организации кои постојат во светот.
Општо познато е дека во моментот имаме два формално-правно субјекти – Владата и Собранието со агитирање „ЗА“ на референдумот и Кризниот штаб со 28 организации со кампања за бојкот на референдумот.
Оттука, јавен интерес може да биде единствено, или јавната кампања и на двете страни да се финансира од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства.
Единствена Македонија ја разбира нервозата кај марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, ова не им дава за право на Собранието и Владата да го третираат буџетот како нивна приватна сопственост.
За флагрантото кршење на Уставот со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Собранието и Владата, одговорност мора да има“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.