Министерство за здравство: Нема да дозволиме да дојде до недостиг на инсулин

Од:

„Во врска со тендерот за инсулин, Министерството за здравство ги демантира дезинформациите за недостиг на залихи и негрижа кон пациенти. Имено, тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, додека сите подготвителни процеси за истиот се веќе завршени, а целата постапка е навремена и соодветно испланирана.

Инсулинот, кој е со рок на траење до 30.09.2018 година е потрошен во месец јули или го има во мали залихи во неколку инсулински аптеки. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од триесетина дена. Инсулинот е безбеден за користење на пациентите до соодветниот рок, иако според распределбата со која се врши инсулинот, тој би требало да е веќе потрошен пред истекот на рокот.

Од 15.08.2018 година веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци

Министерството за здравство се грижи, пациентите во континуитет да се снабдуваат со инсулин во соодветни рокови, воедно и ги работи плановите за распределба врз основа на потребите на населението. Дезинформациите во кои се инсинуираат можно трошење на залихите, создаваат паники во јавноста и се многу штетни по здравјето на пациентите, кои се на инсулинска терапија. Министерството за здравство, ви стои како и секогаш на располагање за обезбедување на точни и проверени информации, кои се од интерес на јавноста и пациентите, а се поврзани со нашата работа“ се вели во соопштението на министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните