Белгискиот државен секретар за азил бара мигрантите да се „вратат дома“

Од:

Државниот секретар за азил на Белгија, Тео Франкен, кој е член на националистичката партија Нова фламанска алијанса (НВА), побара бегалците и мигрантите кои престојуваат во еден парк во Брисел да бидат „вратени дома“.

Од почетокот на миграциската криза во ЕУ, барателите на азил и мигрантите кои поминуваат низ Белгија, преку која најчесто само транзитираат со надеж да стигнат до Велика Британија, се собираат во центарот на Брисел во паркот „Максимилијан“. Повеќето од нив не поднесуваат барања за азил во Белгија, туку чекаат погоден момент да отпатуваат во Велика Британија.

Франкен во телевизиско интервју оцени дека „постои само едно решение“ за проблемот со мигрантите. – Ќе ги затвориме и ќе ги вратиме во земјите од каде потекнуваат, колку и да е тешко, рече Франкен.

Оваа изјава предизвика бурни реакции во белгиската јавноста, но и кај опозицијата од чии редови доаѓа и градоначалникот на Брисел.

Од почетокот на мигрантската криза во Белгија мобилизирани се граѓаните и невладините организации, кои речиси секоја вечер самоиницијативно се организираат за да им понудат сместување на барателите на азил, кои престојуваат во паркот.

Франкен го нападна градоначалникот на Брисел обвинувајќи го дека им се „умилкува на невладините организации со единствена цел да покаже дека Владата не се снаоѓа и дека само таа е виновна“.

– Невладините организации изградија вистинска мрежа, добивате бесплатна храна, бесплатна супа, бесплатна медицинска помош и место за спиење, вели Франкен напаѓајќи ги и невладините организации, кои им помагаат на бегалците.

Според Франкен, сите барателите на азил во Паркот во Брисел се економски мигранти и повикува ЕУ да го усвои австралискиот модел, кој е еден од најкритикуваните и најстрогите миграциски модели во светот.

Франкен е уверен дека овој модел ќе пристигне во Европа.

Невладините организации сметаат дека во моментов во Паркот Максимилијан престојуваа ,околу 600 мигранти. Сстатистичките податоци покажуваат дека еден од десет мигранти регистрирани во невладините организации престојуваат во Белгија подолго од една година.

Изјавите на државниот секретар доаѓаат во момент на политичката криза во ЕУ околу миграцијата и на подем на популистичките партии ширум Европа.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски