ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен

Од:

„Денеска сме тука за да го обелодениме следниот скандал на Арбен Таравари кој од една страна камуфлира акции за рушење на диво изградени објекти, додека во реалност го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти.

Граѓаните на Гостивар секојдневно ја изразуваат нивната загриженост во седиштето на Демократската унија за интеграција во Гостивар, за урбанистичкото злосторство што се случува на територијата на Гостивар под раководство на Арбен Таравари“, рече Башким Хасани, подпредседател на огранокот на ДУИ – Гостивар.

„Овие денови, жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата која се гради на простор кој според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени.

Загрижени поради овој урбанистички каос што е создаден од дивоградбите, жителите ја изразуваат нивната загриженост дека се бетонираат површините за спорт и рекреација со објекти за живеење кој може да го видите и во позадина и можете да го сретнете и како реклама на социјалните мрежи од фирмата изведувач која е во сопственост на близок роднина на Таравари“, вели Башким Хасани, подпредседател на огранокот на ДУИ – Гостивар.

„Со непревземањето на законски инспекциски мерки на терен, подразбираме дека Таравари го подржува и охрабрува урбанистичкиот каос.

ДУИ ги подржува жителите на Гостивар и ги охрабрува таквите случаеви да ги пријават во надлежните институции, затоа што Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини.

Таравари декларативно се залага за развој на спортот, но во реалноста со овие негови дела ја уништува иднината на секој млад човек и на секој жител на оваа населба, како и на сите жители на Општина Гостивар“, додаде Башким Хасани, подпредседател на огранокот на ДУИ – Гостивар.

„Го повикуваме Арбен Таравари да го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за Градоначалник на Општината, да го прекине летниот одмор започнат со започнувањето на летото и да го прекине неговиот ангажман како лекар спротивно на сите етички, морални и законски норми, и да почне да ја извршува должноста за која е избран.

Го повикуваме Таравари со неговиот тим да почнат да изработуваат Детални урбанистички планови и да им овозможат на граѓаните да градат согласно законските правила, а не да го стимулира урбанистичкиот хаос. Со ова, тој ги лаже граѓаните овозможувајќи им да прават инвестиции и градби кои ќе останат без регулиран правен статус.

Со ваквото дејствување на Таравари, на крај, најголеми губитници ќе бидат граѓаните на кој што ваквите инвестиции ќе им пропаднат.

За крај, ја користиме оваа прилика на печалбарите кои одморите ги поминаа во родниот крај да им посакаме среќен пат.

Истовремено жалиме затоа што за време на нивниот престој во родниот град се соочија со руинирани патишта, отежнат собраќај, недостиг на паркинг места, недостаток на вода, јавно осветлување, присуство на кучиња скитници и ѓубре насекаде.

Се надеваме дека Таравари што поскоро ке се освести и ќе почне да се грижи за маките и проблемите кои ги тангираат граѓаните“, изјави Башким Хасани, подпредседател на огранокот на ДУИ – Гостивар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

Османи: Меџити губи со 10 отсто разлика, затоа фабрикуваат афери

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија

ДУИ: Наместо да измислува имагинарни непријатели, Мицкоски да објасни зошто влаата ги дискриминира Албанците

А1он

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски