Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ исчисти 5.600 метри канали и речни корита

Од:

Екипите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во јули исчистија 5.600 метри канали и речни корита, информираа денеска од претпријатието. За оваа намена одвоени се 800.000 денари, кои се обезбедени од претпријатието.

– Исчистени се каналите во Агино Село во должина од 1.400 метри, во Умин Дол половина километар, во Ново село, 1.100 метри, во Љубодраг 300 метри, во Шупли Камен 500 метри и во населбата Карпош 1.800 метри, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.

Во наредниот период, екипите на претпријатието ќе продолжат со расчистување на каналите и речните корита во населбата Ајдучка Чешма и во селата Тромеѓа, Зубовце, Шупли Камен. Согласно акциониот план за расчсистување и продлабочување на речните корита планирано е да се расчисти и коритото на Пчиња кај Меморијалниот Цнетар АСНОМ кое е критична точка и каде во минатото често имаше излевање на реката. Доколку се спушти нивото на реката Којнарка ќе се продожи со нејзино расчитување и продлабочување и ќе се спречи можноста од евентуално излевање.

Претходно во јуни беше продлабочено и исчистено речното корито на Липковка на потегот од село Липково до Опае во должина од 3,5 километри и каналот во Горно Којнаре во должина од 1, 5 километри.

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски