Во Делчево се одржаа 24. „Голачки фолклорни средби“

Од:

На сцената на отворено на планината Голак синоќа се одржа 24 издание на манифестацијата „Голачки фолклорни средби“ во организација на општина Делчево и Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“.
На летната сцена на Голак настапија 12 фолклорни групи и ансамбли од земјава и од странство, промовирајки го фолклорот, преку кој присутните граѓани имаа прилика да видат шаренило од носии и ороводни и вокални традиции.

– Првпат во својство на градоначалник присуствувам на овие „Голачки фолклорни средби“, каде луѓето доаѓаат од Виница и Делчево на веќе реномираната меѓународна манифестација на која годинава учествуваат 12 културно-уметнички друштва, како од Македонија така и од други соседни земји, прикажувајки ја својата култура и традиција. Освен тоа, овде има многу луѓе кои се и наши иселеници така што овој празник го користат да поразговараат за своите животи и овде, но и во странство, рече Горан Трајковски, кој на сите учесници им додели благодарници.

Во рамки на настапите на фолклорните друштва од Македонија и Бугарија посебен акцент беше ставен на настапот на фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево која доби плакета. Групата годинава одбележува 70 години од своето постоење.

– Прекрасно е да се биде на Голак, на нашиот 70-годишен јубилеј кој го прославуваме. Нашиот настап е дел од кампањата за одбележување на приказната на Копачката, за нејзиниот опстој, за впишувањето во УНЕСКО. И благодарам на публиката која не поддржа во нашите напори за опстојот и одржливоста во УНЕСКО, истакна Перса Стојановска од здружението „Копачка“.

За гостите од странство беше чест да се биде дел од „Голачките фолклорни средби“.

– Одиме често на вакви манифестации, овде повеќе пати доаѓаме, ќе се претставиме со игри од Шумадија. Им благодариме на организаторите кои се покажаа како добри домаќини, рече Даниел Кинишевиќ, претставник на фолклорната група од Рача, Србија.

„Голачките фолклорни средби“ се една од 21 манифестации поддржани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

– Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот првпат оваа година ја поддржува оваа манифестација што се одржува по 24 пат. Ова претставува сериозен сигнал за овој крај на Македонија дека Агенцијата сериозно размислува да го развива како туристичка дестинација, токму преку „Голачките средби“ и останатите сегменти на етносот, убавината и гастрономијата на овој крај. Средбата е на листата на 21 поддржана манифестација во Република Македонија поддржана од АППТ и претставува значаен елемент кој и понатаму ќе се промовира во сите промотивни материјали на агенцијата за 2019/20 година, рече директорот на АППТ Љупчо Јаневски.

Со овој настан беа заокружени дводневните случувања во Делчево, во рамки на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска