Нов асфалт на улици во Гостивар и во селото Форино

Од:

Започна реконструкцијата на неколку улици во гостиварското село Форино и во населбата околу ОУ „Гоце Делчев“. Вредноста на инвестициите е проценета на 22,5 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.

Општинскиот портпарол Јасин Демири потврди дека претпладнево започнале градежните работи за поставување на нов асфалтен слој на оштетените улици во близина на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

– На приближно еден километар од улиците околу училиштето ќе биде отстранет стариот асфалт и ќе се заменат оштетените рабници. Истовремено започнаа и работите во селото Форино каде ќе бидат асфалтирани две улици во село Форино со должина од 1.100 метри, истакна Јасин Демири, портпарол на Општина Гостивар.

Тој, оценува дека работите ќе бидат завршени во предвидените рокови и упати апел до граѓаните за трпение и поголемо внимание кога ќе се движат во деловите каде се изведуваат градежните работи.

Од Канцеларијата за имплементација на проекти известуваат дека во наредните месеци, ќе се реализираат повеќе капитални проекти, за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Градоначалникот Арбен Таравари неодамна информираше дека до крајот на годината во инфрстуктурни објекти ќе бидат инвестирани околу два милиони евра.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он