Во Куманово ангажирани десет персонални асистенти

Од:

Десет персонални асистенти се ангажирани за помош и поддршка на лица со тешка телесна и најтешка индивидуалност и слепи лица од Куманово, информираа денеска од Центарот за социјани работи.

Во проектот, освен установата како провајдери вклучени се и општинската организација на Црвениот Крст и невладината организација „Инклузива“.

– Асистентите поминаа обука, добија лиценци и се стекнаа со знаења како да понудат поддршка, помош при извршување на секојдневните обврски на лицата, помош во извршувањето на личните и домашните активности, при образованието, работата, со цел полесна инклузија во секојдневието, изјави директорката на кумановскиот Центар, Александра Арсовска.

Проектот ќе се реализира тековно во зависност од заинтересираноста и потребите на лицата со инвалидитет и попреченост.

Ангажираните асистенти поминуваат половина работно време со лицата или 80 работни часа месечно за што добиваат паричен надоместок.

– Долгорочно, појаснуваат од кумановскиот Центар за социјални работи, обучените персонални аистенти ќе го пренесат искуството на останатите заинтересирани за оваа дејност во државата.

Проектот започна со реализација од први август годинава во седум општини од државата вклучително и Куманово.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување