Јуфо: Со нетрпение го чекам почетокот на новата сезона

Од:

Бразилецот во дресот на Вардар, Виктор Нилдо Јуфо ја надмина повредата на ложата која го оддалечи од терените речиси три недели и подготвен ги очекува настапите во првенството.

– Со нетрпение го очекувам мојот прв официјален натпревар во дресот на Вардар. Жал ми е што не бев во можност да му помогнам на тимот во натпреварите против Пјуник во Лигата на Европа. Сега сум подготвен да одговорам на следните предизвици и се надевам дека ќе помогнам во освојувањето на шампионска титула, изјави Јуфо за клупскиот сајт.

Доколку стручниот штаб одлучи, тогаш Јуфо можно е официјалното деби во дресот на Вардар да го има против Шкендија, неговиот поранешен тим.

-Така сакаше ждрепката, ако добијам шанса, тогаш првиот меч во Вардар ќе ми биде против мојот поранешен клуб. Додека настапував таму стекнав многу пријатели, меѓутоа сега сум во тимот на Вардар, и ќе се трудам мојот сегашен тим да победи. А, со останатите и натаму ќе останам пријател кога ќе заврши натпреварот, вели Јуфо.
Дербито на 1.коло од новата сезона во ПМФЛ, Шкендија – Вардар ќе се игра в недела (12 август) во Тетово со почеток во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска