МТСП нема да толерира несоодветно однесување со децата во градинките

Од:

По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.

– Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска