Реконструкција на водоснабдителниот систем во Куманово

Од:

Јавното претпријатие „Водовод“ наскоро ќе започне со имплементација на проектот „Реконструкција, употреба и одржување водоснабдителен систем на град Куманово“, информираа денеска, надлежните од претпријатието.
– Утре ќе се одржи првиот работен состанок со фирмата изведувач ЦМЦ од Скопје, изјави директорот на претпријатието, Горан Стојковски.

Кумановски „Водовод“ аплицираше за овој проект во Министерството за транспорт и врски во 2014 година. Проектот е одобрен, а одвоени се средства од Европската Инвестициска Банка во висина од 861.000 евра.

Проектот предвидува неколку фази на имплементација, меѓу кои замена на постоечката мерна опрема во Филтер станицата со нова која ќе биде поставена на три локации во високата зона од градот, а ќе се постави и опрема за следење на нивото на двата резервоари во рамки на водоснабдителниот систем. Планирана е изведба на СКАДА систем со кој далечински ќе се следат параметрите со кои ќе се утврди количината на испорачаната и фактурираната вода. Во рамки на овој проект предвидено е и оспособување на две простории што ќе се користат за баждарење и пескарење водомери.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски