Околу дваесет невработени лица од Куманово ќе бидат ангажирани во рамки на проектот општинско-корисна работа „Локална прегратка“.
Право на учество имаат активните баратели на работа евидентирани во Центарот за вработување Куманово кои ќе бидат ангажирани како образовни асистенти во основни училишта, асистенти за стари и изнемоштени лица и образовни асистенти на лица со попреченост.
Крајни корисници на овој проект се лица со интектуална попреченост од двата дневни центри и ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно образование и старите и изнемоштените лица од Куманово.
Во рамките на овој повик се бараат дефектолози, социјални работници, психолози, медицински сестри, лица со средно образование кои имаат завршено обуки за нега на стари лица, физиотерапевти, професори по одделененска настава, професори по физичко и музичко образование. Овие лица ќе бидат ангажирани со скратено работно време од 20 часа неделно за што ќе добиваат 9.000 денари со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа. Тие ќе се стекнат со одредени вештини што потоа ќе ги користат за полесно вработување.
Ангажираните лица ќе им помагаат на учениците со попреченост со поддршка во совладување на наставните содржини и инклузија во образовниот процес, а во дневните центри акцент е ставен на менторство кое подразбира индивидуална работа за осамостојување преку спортски, музички активноси согласно личните афинитети на лицата со попреченост. Сервисот за стари лица ќе им помага на старите помош во извршување на секојдневните обврски и и квалитетно организирање на времето.
Јавниот повик завшува на 14 август годинава.