Саудиска Арабија му наложи на канадскиот амбасадор во рок од 24 часа да ја напушти државата и најави дека ќе ги суспендира сите нови трговски и инвестициски договори со Канада откако канадското Министерство за надворешни работи го повика Ријад да ги ослободи притворените активисти за човекови права.
Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека истовремено е отповикан нивниот амбасадор во Канада.
Саудиското министерство соопшти дека канадското МНР и канадската амбасада ги повикале саудиските власти „неодложно да ги ослободат“ активистите.