Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Од:

Канадската влада соопшти дека одлучила да ги повлече децата на своите дипломати од Израел поради стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, се нагласува дека Одделот одобрил трансфер на децата на дипломатите и нивните старатели во безбедна трета земја.

Канада ги предупреди своите граѓани да избегнуваат патување во Израел, наведувајќи го тековниот регионален конфликт и непредвидливоста на ситуацијата.

Канада ги повика своите граѓани да не патуваат во Појасот Газа и Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Хамас му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари

Хамас утре ќе ослободи нови тројца израелски заложници

Израел подготвува план за Палестинците да ја напуштат Газа: „Нека ги примат Ирците и Канаѓаните“

Трамп: Израел треба да ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите

Израелски војник осуден на седум месеци за малтретирање на палестински затвореници