Работилница за улогата на младите од руралните средини за поддршка на евроинтеграцијата

Од:

Во рамките на проектот „Rural youth assisting Macedonia in EU integration“ во Делчево ќе се спроведе „Работилница за врсничка едукација за ЕУ и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија“.

Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција.

Како што изјави Валерија Соколова од Регионален центар за застапување – Делчево, основна цел и задачи на работилницата се унапредување на знаењата на младите од Делчево, Виница и Пехчево и неговата околина за Европската унија и европските политики, критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ, како и за улогата на младите од трите града во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија.

– Работилницата се очекува да придонесе кон подобра информираност на младите за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите од Делчево Виница и Пехчево, кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија, рече Соколова.

Настанот ќе се одржи на 13 август, а наменет е за учесници од општина Делчево, Виница и Пехчево кои се на возраст од 16 до 29 години.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната