Состојбата на Ники Лауда се подобрува

Од:

Состојбата на Ники Лауда се подобрува, откако во четвртокот му беше извршена успешна трансплантацијата на белите дробови во болница во Виена.

Еден од хирурзите кои ја извршија операцијата Валтер Клепетко за австриските медиуми потврди дека состојбата на трикратниот светски шампион во Формула 1 се стабилизирала и започнала да се подобрува.

– Периодот на заздравување кај пациентите трае меѓу две до три седмици, но за господин Лауда заради неговата 69-годишна возраст ќе биде потребно малку повеќе време. Но во моментов сме задоволни, бидејќи се е во ред, истакна Клепетко.

Лауда по одмор на Ибица итно беше хоспитализиран поради драстично влошување на тешката болест на белите дробови, а по операцијата првично беше соопштено дека неговата состојба е критична.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур