Екстремното топлото време во Јужна Кореја е причинител за смртта на 35 лица од 23 јуни, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Жртвите биле на различна возраст, но, сите починале од срцев удар, соопшти канцеларијата. Бројот на жртвите е невообичаено висок и го надмина бројот на жртви во истиот период минатата година за најмалку трипати.
Околу 2.800 лица се лекуваат од високите температури, информираат од Канцеларијата.
Корејскиот Полуостров беше зафатен од силни летни горештини во јули, по дождовната сезона. Во средата, во округот Хончхон во Јужна Кореја, беше измерен 41 степен Целзиусов, највисока температура во државата, откако пред повеќе од сто години почна да се води статистика.