Сергеј Баздникин нов амбасадор на Русија во Македонија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.

Од кабинетот на рускиот претседател Путин соопштија дека тој го именуваше Баздникин за нов амбасадор на Русија во Македонија.

Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на таа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

– Се именува Сергеј Александрович Баздникин за нов амбасадор на Русија во Република Македонија, се наведува во указот на Путин

Не се посочува причината за смена на амбасадорот

Би можело да ве интересира

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз

„Форин полиси“: Европа е сама меѓу глобалните сили

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада

Захарова: Москва веднаш ќе одговори на замрзнувањето на руските средства во ЕУ