Од Ред Бул официјално објавија дека ќе се разделат со Даниел Рикардо по крајот на сезоната 2018 во Формула 1.
Се очекува Австралиецот да се приклучи на тимот на Рено од сезоната 2019. Во специјално соопштение, шефот на тимот Кристијан Хорнер откри дека Рикардо ги напушта и му се заблагодари за успесите.
– Целосно ја почитуваме одлуката на Дани да го напушти Ред Бул и му посакуваме се најдобро во иднина. Ние би сакале да му се заблагодариме за посветеноста и улогата што ја одигра во тимот од пристапувањето во 2014 година. Сега ние ќе продолжиме да бараме партнер на Макс Верстапен за следната сезона. Во исто време ни остануваат девет трки во 2018 година и сме целосно фокусирани на максимално зголемување на секоја можност за Макс и Дани, изјави шефот на „биковите“.