МО ќе покрене постапка против војникот кој учествуваше во инцидентот на Мечкин Камен

Од:

Министерството за одбрана (МО) формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој е препознаен на видео снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

– Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да зеде учество во прославата на Илинден, соопшти МО.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, го осудува учеството на професионалниот војник Богоевски во инцидентот и укажуваме дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување на политички цели и кои со напади врз високи странски официјални лица го нарушуваат угледот на АРМ и на Република Македонија.

Министерството за одбрана ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за преземените мерки во врска со овој случај.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on