Во блиска иднина во Чешка, марихуаната легално на рецепт ќе може да се користи за олеснување на некои сериозни болести, јави дописникот на МИА од Прага.
Во најновиот амандман за употреба на канабис за медицински цели кој чешкиот Горен дом, Сенатот го усвои денеска засега е предвидено марихуаната пациентите да ја купуваат без партиципација.
Сенаторите од Социјалдемократската партија (ЧССД) посочија дека иако одобрена продажбата на марихуаната, сепак таа нема да биде достапна за многумина без дел да биде партиципиран од јавното здравствено осигурување, за што не се согласуваат осигурителните компании.
Пациент, кој за подобрување на здравствената состојба има потреба од марихуана за еден месец би го чинела околу 4.000 евра.
Доколку ја купи на нелегален начин би го чинела многу поевтино.
Марихуаната може да се користи за ублажување на симптомите на рак, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, псоријаза и некои видови на атипични болести на кожата.
Увозот и дистрибуцијата на канабисот ќе го надгледува Државниот завод за контрола на лекови, (СУКЛ) кој за една година би требало да започне да издава 5-годишни лиценци на домашни одгледувачи.
СУКЛ ќе гарантира на каква почва е одгледуван канабисот и да организира тендер за набавка на марихуана. Јан Велеба, сенатор и претседател на Земјоделската комора ги поддржа новитетите како можност за ширење на земјоделската дејност на домашно тло.