„Денес Македонија ја слави и чествува борбата за слобода и независност на македонскиот народ, го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија, кога со избувнувањето на Илинденското востание, ние Македонците докажавме дека сме слодољубив народ, жеден за правда, еднаковст и просперитет, и тоа се мотивите кои го предизвикаа и вториот Илинден 1944 година кога е создадена долгоочекуваната и со борба исткаена сопствена модерна македонска држава.
Браќа Македонци и сестри Македонки, ако борбата на нашите предци беше создавањето на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, бидејќи пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на пучистичката власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името и идентитетот на македонскиот народ.
Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка за одбрана на вековното име, идентитет, јазик, култура и историја на македонскиот народ, Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ, никогаш нема да ја заборави жргвата на илинденците и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.
Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност. Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во честитката од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод државниот празник 2 Август – Илинден.