„Марионетската власт во Скопје која минатата недела беше фатена во обидот да украде 45 милиони евра од буџетот, продолжува со лаги, манипулации и провокации во врска со референдумот за договорот со Грција за промена на името.
На денешната прес конференција јавноста повторно слушна лага и манипулација од Заев дека Македонија станува членка на ЕУ доколку на референдумот прифати промена на името.
Го повикуваме Заев да покаже било каков писмен или вербален доказ од Брисел дека штом македонскиот народ се самоукине и се избрише од светската мапа на нации со промена на името, Македонија станува членка на Европската унија. Дотолку повеќе, завчера францускиот претседател Макрон најави нова ЕУ во три круга во кои ги спомнува и Русија и Турција што алудира на распадот на сегашната Европска унија.
Истовремено, Зоран Заев започна и со провокација дека доколку референдумот успее тогаш сите ќе ја почитуваат вољата на народот, но, доколку референдумот не успее тогаш марионетската власт немало да ја почитува вољата на народот туку договорот за промена на името ќе се обидат да го поминат преку пучистичките институции во Скопје.
Единствена Македонија во референдумскиот период тргнува силно и никој нема да не сопре да ја извојуваме битката за Татковината. Македонија ниту ќе стане членка на антимакедонските организации НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името а единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје да избирше се што е македонско од што ќе се срамат и нивните поколенија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.