Генерален штрајк на вработените од тетовски Комуналец

Од:

Околу 300 вработени во Јавното комунално претпријатие Тетово од сите негови работни единици – водовод и канализација, комунална хигиена и механизација, паркови и зеленило, како и администрацијата, денеска започнаа генерален штрајк и се собраа пред влезот на главната дирекција во Тетово кај градскиот пазар.

Работниците бараат да им бидат исплатени 4 плати што им ги должат, како и придонесите кои не се платени уште од август минатата година. Додека не им бидат исполнети овие барања тие нема да го подигаат сметот од контејнерите, ниту пак ќе ги санираат евентуалните дефекти во водоводната мрежа.

Најавија дека протестот ќе трае секој ден од 8 до 12 часот пред управата на претпријатието, а можно е протестот да се префрли и пред зградата на општина Тетово.

Директорот на ЈКП Тетово Ајет Мурати најави дека во текот на денот ќе одржи прес-конференција околу штрајкот на вработените и состојбите во претпријатието.

Би можело да ве интересира

Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат