(ВИДЕО) Јанушев: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на седницата за распишување референдум

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја бојкотира седницата денеска, пратениците ќе учествуваат на седницата на која се очекува да се распише референдум. Јанушев не одговори дали ќе го бојкотираат референдумот, рече дека ако се изгласа одлуката за референдум дополнително партиските органи ќе одлучат.

– Самоволието на парламентарното мнозинство продолжува за референдумот. Свесни дека е штетно за Македонија, се обидуваат на сила да протуркаат двосмислено прашање. Било кое прашање треба да е по пат на консензус. ВМРО-ДПМНЕ не прифати да е декор на власта, удар на демократија. Членот 15 од Закон за референдум вели дека прашањето треба да е недвосмислено, „за“ или „против“. Треба да е сосем јасно и единствено за договорот. Вака е манипулативно. Бараме да се откаже од насилничкото однесување, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија