Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, повика на нови мерки за од корен да се запре оваа појава.
Според ОБСЕ, фокусот треба да биде на политики за сузбивање на можностите да се профитира од трговијата со луѓето, како и за помош на жртвите.
Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер нагласи дека половина од жртвите на оваа појава се жени, додека една петтина се деца.
– Повеќе од една четвртина од сите пријавени случаи на трговија со луѓе се случуваат на територијата на државите на ОБСЕ, додаде Гремингер, кој своите активност особено ги насочува против трговијата со деца.