(ВИДЕО) Деркоски: Ќе работиме согласно Законите за успешно да се спроведе референдумот

Од:

Новите членови на Државната изборна комисија денеска потпишаа свечени изјави. Претседателот на комисијата, Оливер Деркоски рече дека ќе работат согласно Законите за успешно да се спроведе референдумот.

-Го означивме почетокот на работата на ДИК со потпишувањето на свечените изјави, очекуваме Собранието да донесе понатаму одлуки значајни за работата на ДИК. Ќе ги почитуваме Уставот и законите за да успешно ја завршиме задачата која ќе биде со спроведување на референдумот. Ажурирањето на изборниот список се прави постојано, ние ќе дадеме придонес плус за да се надминат дилемите околу избирачкиот Список, рече новиот претседател на комисијата, Оливер Деркоски.

Новиот состав на ДИК треба да го организира референдумот за името, што треба да се спроведе на есен.

За членовите на ДИК гласаа пратениците од сите политички партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба. Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел – со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Дитмире Шеху од ДУИ. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се членови на највисокото изборно тело во државата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски