Во Сплит на 71-годишна возраст почина славниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, откако пред една година му беше дијагностициран рак на белите дробови.
Веста за смртта на пејачот ја потврди неговото семејство.
Оливер беше еден од најпознатите хрватски пејачи, а беше популарен на територијата на цела поранешна Југославија.
Тој со музика се занимаваше уште од најрана возраст. Се запишал во музичко училиште во Сплит, каде што прво научил да свири на пијано, а потоа и кларинет и гитара.
Прв настап му е во 1961 година на детски фестивал, а шест години подоцна настапил и на Сплитскиот фестивал со песната „Пицаферај“.