„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања рече дека МВР и надлежните служби во соработка со партнерските служби (читај: ЦИА) ја опсервираат целосно состојбата со лицата кои се против НАТО и ЕУ и дека тоа биле криминални и субверзивни елементи.
Ова е скандал сам по себе да се нарече сопствениот народ криминална и субверзивна група и да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните се повеќе масовно ја изразуваат својата намера за сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.
Во Уставот е запишано дека Република Македонија може да стапи во членство во меѓународни организации, меѓутоа, во Уставот не пишува дека тие меѓународни организации треба да бидат НАТО и ЕУ, туку било која од повеќето меѓународни организации и сојузи кои постојат во светот, што значи дека актуелното следење и прислушување е противуставно.
Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата Русија и ЕЕУ и секој кој размислува различно од пучистичката власт и нивните странски ментори, нема да успее.
По доаѓањето на новата легална власт на Единствена Македонија, одговорност за кршење на Уставот мора да има“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.