(ВИДЕО) Заев: Политичката криза влијае на падот на Македонија на светските листи за иновативност и корупција

Од:

Премиерот Зоран Заев лошите позиции на Македонија на светските листи за иновативност и корупција ги препиша на политичката криза во државата. Ѓорчев рече дека е брука, адвокатот на Заев да го вади од притвор градоначалникот на Ново Село кој доби казна од 18 месеци за шверцување на цигари. Заев на ова одговори дека градоначалникот е негов личен пријател ама ќе си одговара, а тоа ќе биде за пример на другите.

„Се обидуваме да ги унапредиме позициите. Не очекувам падови на позициите за 20 места. Борбата против корупцијата е императив за Владата. Секој ден тоа го покажуваме. Она што е промена на ментален склоп на правосудството е исто така она што го правиме за да законот важи за сите. Рак рана е корупцијата. Ќе работиме на тоа додека не го откорениме“, рече Заев одговарајќи на прашање од Ѓорчев кој обвини дека Македонија има драстично лоши позиции на овие полиња.

Лошите проекти довеле на падот на БДП, смета Заев, кој рече дека очекува подобри позиции во вториот квартал. Планираниот раст од 3,2%, ќе биде постигнат, смета премиерот. Во делот на иновативност, Заев рече дека прв пат во Македонија домашните компании добиваат помош.

„Сите фирми кои ги исполнуваат условите имаат право да учествуваат“, рече Заев кој го поздрави фирмите кои се повлекле пријавите бидејќи удел имал носител на власт.

Ѓорчев ја обвини власта дека најмалку родени деца има од кога дошла новата власт.

„Никогаш не се родени помалку деца, Министерството за труд и социјална политика нема абер да понуди проекти. Во 2019 година ќе биде повторно намален бројот и тоа на 20.000 бебиња“ рече Ѓорчев.

Ѓорчев го праша Заев дали ако паднеме за 10 места на листата од „дуинг бизнис“ листата, ќе ги разреши Тевдовски и Анѓушев.

„Кризата влијае на резултатите. Не го разрешивме Никола Груевски кога Македонија падна за 80 места. Јас очекувам раст, тоа е разликата“, одговори Заев.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали