Рохани: Празните закани на Трамп не заслужуваат одговор

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема потреба да одговори на „празните закани“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рохани ова го изјави на седница на иранската Влада. Тоа беше неговата прва изјава откако Трамп го предупреди иранскиот лидер дека заканувањето кон САД ќе има тешки последици.

– Од некои американски лидери доаѓаат неосновани коментари и празни закани, рече иранскиот претседател и додаде дека „нема потреба да одговара на какви било смешни изјави“.

– Треба да им одговориме со акции, рече Рохани.

Тој истакна дека „најкатегоричниот одговор на нивните евтини изјави“ се „рамнодушноста кон нивните заговори и изборот да се покаже противење на нивните планови и тие да бидат спречени“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи