Утврдена листата од 47 кандидати за членови на ДИК

Од:

Комисијата за избори и именувања испрати кандидатска листа до Талат Џафери со 47 кандидати за членови на ДИК. Едногласно беше усвоена листата од сите пратеници. Од нив само 7 ќе влезат во Државната изборна комисија.

На седницата немаше дискусија, едногласно беше утврден дневниот ред, а беа прочитани и сите имиња на кандидатите.

Собранискиот спикер Талат Џафери треба да ги испрати имињата до партиите од каде ќе се изјаснат кои ќе бидат нивните кандидати. Комисијата за избори и именувања ќе ги констатира имињата на кандидатите, а потоа на пленарна седница со 2/3 мнозинство ќе треба да го изберат новиот состав, според стариот модел на изборен законик.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Државната изборна комисија, а Елизабета Постоловска е член на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ. Од редовите на ДУИ, избран е Дитмире Шеху.

Додека Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Како што изјави Сурија Рашиди, предлог од Алијанса на Албанците ќе биде Кренар Лога. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од БЕСА на Касами ќе е Енвер Салиу.

Како што најави Џафери за „Макфакс“, до вечер ќе биде избран новиот состав на ДИК.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра