Единствена Македонија: Пратениците да добиваат буџетски средства според бројот на членови, а не бројот на пратеници

Од:

„Собранието на Република Македонија вечерва ќе расправа меѓудругото и за измените за законот за финансирање на политичките партии. Според усогласените измени меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, буџетското финансирање на партиите се зголемува за 2,5 пати а средствата во најголем дел се распределуваат според бројот на пратеници што значи дека парите од буџетот кој го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на вечерашната собраниска седница, Единствена Македонија упатува последен повик до пратениците да го прифатат предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија со што партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови а не според бројот на пратеници.

Единствена Македонија верува во демократскиот капацитет на народните избраници и во нивното одговорно однесување, и оттука, очекуваме во последен момент како што впрочем се носат сите битни решенија, да овозможат најоптимално совпаѓање на поделбата на буџетските пари за финансирање на партиите со бројот на членовите на партиите“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска