Северна Македонија конечно име?

Од:

А1он од извори на партија во власта дознава дека работата околу името е завршена работа, но се чека да поминат локалните избори, а како датум кога ќе се знае се, се спомнува 27 март.

Според истите извори, ова е понудено од меѓународната заедница како компромис за кој се притиска да се прифати, но уште поголем притисок имало да нема референдум за името, туку владата сама да го постигне договорот.

Неофицијално било договорено името Северна Македонија, а поради притисокот од странците владеела значителна нервоза во партијата на власт која се притиска да го прифати предлогот, ако сака понатамошна поддршка.

Кон сето ова во прилот оди информацијата од некои провладини весници каде се одбивале колумни во кои се брани ставот да не се менува името. Последната од низа била емисијата која се снимала за сателитскиот канал на МРТ уште пред две недели, а каде што гостин бил претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров. Емисијата никогаш не беше емитувана, иако требаше да се емитува петокот вечерта, истиот ден кога била снимана.

Премиерот Никола Груевски во неколку наврати изјави дека нема никакво решение за името на повидок, и дека ќе инсистира на одржување референдум, на кој народот ќе се изјасни и ќе го каже конечниот став.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски