Отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности во Охрид

Од:

Тимови за внатрешна контрола на Агенцијата за катастар на недвижности предводени од директорот на агенцијата Славче Трпески од денеска и во наредните три дена ќе бидат во посета на Оделението за катастар во Охрид, со цел помош на граѓаните во решавање на нивните имотно-правни проблеми.

– Граѓаните слободно да дојдат тука и да ги изнесат своите проблеми, да најдеме начин да ги исправиме оние грешки што се во Катастарот, додека она што се надлежности на други институции каде има определени проблеми, да им дадеме најдобри совети како да ги решат нивните проблеми, рече Трпески.

Покрај Отворените денови за катастар, што се одржуваат веќе шеста година, оваа година стартува и акција за дигитализација на катастарските планови.

– Тука се и експертски тмови од агенцијата што ќе направат контрола и обука на вработените на Одделението во Охрид, со цел овој процес на дигитализација што е проект на Светската банка, успешно да биде завршен, истакна директорот Трпески.

Внатрешната контрола на Одделенето за катастар во Охрид минатата година покажа голема неажурност, со пронајдени 300 до 400 нерешени предмети што резултираше со смена на раководството на подрачното одделение. Директорот на агенцијата рече дека за споредба со минатата, оваа година состојбата во охридскиот катастар е сосема поинаква.

– Оваа година можам да го пофалам охридскиот катастар затоа што годината ја заврши без ниту еден нерешен предмет, истакна Трпески.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Од денеска поевтини катастарски услуги

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on