Пратениците попладнево ќе расправаат за измените на Изборниот законик во делот за ДИК

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 53. седница на која на дневен ред се измените на Изборниот законик, во делот на избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), кои се носат по скратена постапка.

Поради немање кворум, претседателот на Собранието Талат Џафери седницата ја одложи за 15 часот. Воедно, ги повика координаторите да ги повикаат пратениците да обезбедат присуство за работен кворум.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата кои се изјаснија дека не се согласуваат со предложените измени бидејќи се носат без консултации и без нивна поддршка и на вчерашната седница побараа точката да биде тргната од дневниот ред.

Од пратеничката група на СДСМ, пак, порачаа дека измените се носат поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, која велат сега не сака референдум, а десет години претходно се изјаснувале дека тоа е највисокото демократско средство за изјаснување за прашањето за името.

Владата вчера предложи измени на Изборниот законик, по скратена постапка со кои се бара ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство и бришење на ставот со кој се предвидува Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го гледа предлог-законот. Измените се предложени со европско знаменце. Власта, како што беше потенцирано, сака да се надмине блокадата на процесот за избор на членови на ДИК од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик е предложен како 12. точка на дневниот ред на 53. седница.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието