ЗПММ бара времен мораториум на работењето на ЗАМП и ММИ

Од:

Здружението на приватните електронски медиуми (ЗПММ) бара Министерството за култура да стави привремен мораториум на работата на Здружението за заштита на музички авторски права (ЗАМП) и на новото Здружение за заштита на авторските права (ММИ), додека  да заврши  истрагата за нивното финансиско работење.

ЗПММ денеска соопшти дека вече поднело преставка до Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и до Обвинителството да се преиспита  целосното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на двете здруженија.

– Иницијативата е покрената во врска со последните настани поврзани со регулирањето на авторските права во Република Македонија и реакциите на јавноста за транспарентноста на работењето, а особено на распределбата на средствата од страна на ЗАМП и ММИ,  соопштуваат од ЗПММ.

Во знак на протест од случувањата со наплатата на авторските права членките на ЗПММ минатата недела почнаа да емитуваат унифицирани радио и ТВ-пораки до гледачите и до слушателите на секоја македонска песна што се емитуваше на нивната програма. Во втората фаза од протестот на ЗПММ, во петок и сабота е предвиден прекин на програмата во траење од 5 минути. Членките на Здружението, според соопштението, се согласиле и да пристапат кон трет чекор во протестот со целосен прекин на емитување македонска музика.

Од ЗПММ истакнуваат дека треба да се стави ред во област со авторските права, а авторите и изведувачите да бидат праведно вреднувани и наградени.  Бараат нова законска регулатива во областа и нагласуваат дека не се против плаќање на авторските права.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ