Завршни зборови на обвинителството за случајот „Труст“, рочиштето продолжува во понеделник

Од:

На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени во понеделник.

Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин.

Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот и со тоа ќе нема можност од нив да се конфискува, конфискацијата да биде насочена кон основачот.

Новина е предлогот на обвинителството, целосното обвинение кон „Вато ДООЕЛ“ да биде повлечено.

Исто така, обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна.

Обвинителството наведе дека според нивните податоци, фирмата „Трансмет“ има имот што може да се конфискува, додека „Силекс Неметали“, нема, со што, според нивното барање, конфискацијата ќе биде насочена кон нивниот основач.

Обвинителството побара да добие записник од денешното рочиште, односно од завршните зборови на обвинителството, но Судечкиот совет го одби барањето.

Одбраната посочи дека обвинителството го изменило описот на дејствијата со наведување на други, поради што побара одлагање на нивното изнесување на завршните зборови.

Судечкиот совет одлучи дека, главната расправа се закажува за понеделник.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он