Во полошко за пола година регистрирани речиси 300 нарушувања на јавниот ред и мир

Од:

Во првата половина од годинава во Полошкиот регион регистрирани се 292 нарушувања на јавниот ред и мир од кои 152 во тетовско и 140 во гостиварско. Од СВР Тетово информираат дека најголем дел од нив се целосно расчистени.

Според анализите во СВР Тетово, во овој период изготвени се и поднесени 245 барања за поведување прекршочна постапка против 350 сторители.

Најголем број од прекршоците се физички напади, а регистрирани се и 35 тепачки. Во нарушувањата на јавниот ред и мир имало и 23 случаи на карање, викање и непристојно однесување, како и 16 случаи на навредување и омаловажување на овластено службено лице.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски изјави дека во овој период пријавени се и 11 нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата и шест на спортски натпревари.

Во нарушувањата се вброени и 24 прекршоци по Законот за јавна чистота.

Најголем број од сторителите се мажи, а како најчести места каде се случиле нарушувањата на јавниот ред и мир се улиците и угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот