(ВИДЕО) Тасева: Потребна е поголема контрола врз финансирањето на партиите

Од:

Потребна е поголема контрола врз финансирањето на партиите, препорачуваат од Транспаренси Интернешнл. Претседателката на организацијата Слаѓана Тасева, препорачува да се зајакне контролниот механизам.

„Имаме добро законодавство, дефинирано е кои начини се забранети за финансирање, меѓутоа системот на контрола е расцепкан. Сите институции се надлежни и ниту една не е“, вели Тасева која денеска учествуваше на тркалезна маса за Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.

Таа потенцира дека најчестите форми на корупција се преку финансирањето од физичките лица кои даваат најголеми пари и тие очекуваат нешто за возврат. Проблем, според неа е финансирањето на изборни кампањи и политички партии од државни институции, локални самоуправи, но и донации од граѓани кои не се транспратентни.

„Оние кои даваат поголеми пари за партиите очекуваат од нив кога ќе дојдат на власт да работат во нивен интерес, дали во донесување одлуки, закони или преку добивање предност и приоритет во водењето на нивните бизниси“, рече таа.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

Транспаренси Интернешнл констатира судир на интереси во работењето на Агенцијата за филм

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on