Kаснато 11-месечно бебе во градинка, инспекторите на терен

Од:

Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете кое било каснато во градинка. Министерството за труд и социјална политика информира дека е запознато со случајот за каснатото 11-месечно бебе и дека е во постојан контакт со градинката.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните.

Мајката на детето тврди дека тоа било изгризано и удирано во градинка. Таа на Фејсбук објави дека кога отишла да ја земе својата 11-месечнаа ќерка од градинка во Скопје, забележала видливи повреди на грбот на детето, по што веднаш отишла во болница. Од страна на воспитувачката ѝ било кажано дека најверојатно ја полазил инсект, но докторката го потврдила тоа во што се сомневала мајката, дека детето е гризано и удирано.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска