Рама: Реакциите во двете земји за Договорот покажуваат дека е донесена смела и корисна одлука

Од:

Реакциите во двете земји покажуваат дека беше донесена храбра одлука во корист на двете држави и на регионот, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, коментирајќи ги реакциите и во Македонија и во Грција за Договорот од Преспа.

-И двајцата лидери се соочуваат со реакции, но во исто време реакциите покажуваат дека станува збор за многу храбра одлука што ќе биде од корист и за Грција и за Северна Македонија, но и за Балканот, вели Рама за АНА – МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарот во текстот коментира дека Рама го користел новото име Северна Македонија и не го криел задоволството од постигнатиот договор меѓу двете земји.

-Ова е добар момент за да пофалиме одредени резултати, прво и главно, големото достигнување на Грција и Северна Македонија. Благодарение на многу храброто и смело лидерство, со визија, на Алексис и на Зоран, кои презедоа дел од ризикот, за да потврдат нешто што не беше лесно, но тие исто така покажаа дека кога постои волја, има и начин, вели Рама.

Коментирајќи го вчерашниот самит за Западен Балкан во Лондон, албанскиот премиер вели дека е важен процес што помага земјите да се држат и да се движат заедно, но некои работи наликуваат на „балканско проклетство“.

-Секако (берлинскиот процес) се случува во ера кога работите во Европа не се толку добри, па се чини како балканско проклетство. Некогаш кога Европа беше добра, ние се влошувавме. Сега ние се подобруваме, а Европа се влошува, коментира премиерот на Албанија за грчката новинска агенција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар