Добрите политички односи меѓу Македонија и Катар во наредниот период треба да се валоризираат со конкретни економски проекти. Ова го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов на вечерашната средба во Доха со премерот и министер за надворешни работи на Катар, Хамад бин Џасмин бин Џабор ал Тани.
Централна тема на средбата беа можностите за развој на економската соработка, при што беа разменети мислења за конкретни потенцијални проекти во кои би можело да се инвестира во сферата на инфраструктурата, енергетиката, туризмот и земјоделството.
Катарскиот премиер ја повтори подготвеноста за инвестирање во Македонија во наведените области, истакнувајќи ја желбата во наредниот период да ја посети нашата држава.
Претседателот Иванов на средбата со катарскиот премиер изрази очекување дека ќе продолжат контактите меѓу двете држави во сите области.