Во Куманово презентиран проект за развој на општествената одговорност

Од:

Решавање на проблемите со урбанистичкото уредување, подобрување на водоснабдувањето во одредени населби, поголема комунална хигиена, зголемување на бројот на комунални редари во Куманово се дел од проблемите коишто претставниците на медиумите и граѓанските организации ги презентираа на денешната работилница организирана во рамки на проектот „Развој на општествена одговорност“.

Проектот го спроведува локалната ТВ Плус од Куманово, а е финансиран од фондацијата „Отворено Општество Македонија“.

– Целта на проектот е да се воспостави континуиран двонасочен канал на комуникација меѓу граѓаните и општината преку учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки и креирање јавни политики на локално ниво. Сметаме дека потребите на граѓаните можат да бидат подостапни за локалната самоуправа и оти на овој начин можат полесно да се надминат, изјави координаторот на проектот Драган Ивановски.

Фокус групите ќе ги презентираат проблемите што ќе се истражуваат и ќе бидат презентирани пред јавноста со цел и граѓаните да учествуваат во носењето одлуки на локално ниво, а локалната власт, надлежни институции и претпријатија ќе работат на нивно решавање.

Анета Јордановска од граѓанската организација „Цивис“, посочи дека граѓаните често се жалат на хаос во урбанистичкото уредување, недоволна хигиена во градот и бараат санкции за загадувачите што пак иницира потреба од зголемен број на комунални редари во Куманово.

Проектот ќе се спроведува во следните осум месеци.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски